Достапност

Akti 2* Villa

Вилата се наоѓа во местото Сотирица, на главна улица и е на прва линија, околу 30 метри од плажа.
0,00 ден.

Вила Aкти 2*  се наоѓа во местото Сотирица, идеално лоцирана на главна улица, и на прва линија околу 30 метри од плажа. Вилата раполага со простран двор со убава градина ,со ѕидана скара која е на располагање на гостите, игралиште и паркинг.

Сместувачките капацитети во нашата понуда се наоѓаат на прв спрат, и сите располагаат со едно француско легло, еден стандарден и еден помошен кревет. Секое студио има потполно опремена кујна, купатило /wc, TV, Wi-Fi internet, комарници и тераса со директен поглед на море. Во дворот има гарнитура за седење, со чадори за сонце, како и мала кафeтерија.

Велика се наоѓа јужно од Олимписката регија, оддалечена околу 50км од Лариса. Се одликува со долга и широка плажа, кристално чиста вода, продавници, таверни. Оваа дестинација е позната како летувалиште на Грците.  
Многупати наградувана со сино знаме, плажата Велика е продолжение на плажите на Агиокампос и Като Сотирица. Во некои делови се песочни и други камења. Тоа е добро организирано место, со многу таверни, супермаркети, кафе барови .
Секое лето илјадници туристи доаѓаат на плажата во Велика, да уживаат во прекрасното, чисто море и свежа морска храна во таверните и ноќниот живот во баровите на плажата.
На плажата во Велика се  организираат натпревари во одбојка на плажа .
Во потокот Платанија во близина на  Велика можете да најдете примероци од византискиот сјај на замокот, кои се откриени со археолошките ископувања. На истиот пат можете да го посетите манастирот Св. Јован Богослов, кој е извонреден примерок на византискиот стил. Исто така пешачењето по патека Меливија-Велика е уникатно искуство. 

Цени за термини по типови простории и услуги:

термини 1/3 студио бр. ноќевања
26/05/2018 - 02/06/2018
70.00€ 
7*  промо
02/06/2018 - 09/06/2018
80.00€ 
7* промо
09/06/2018 - 16/06/2018
129.00€ 
7*
16/06/2018 - 23/06/2018
139.00€ 
7*
23/06/2018 - 30/06/2018
149.00€ 
7*
30/06/2018 - 07/07/2018
289.00€ 
7
07/07/2018 - 14/07/2018
299.00€ 
7
14/07/2018 - 21/07/2018
319.00€ 
7
21/07/2018 - 28/07/2018
319.00€ 
7
28/07/2018 - 04/08/2018
319.00€ 
7
04/08/2018 - 11/08/2018
319.00€ 
7
11/08/2018 - 18/08/2018
319.00€ 
7
18/08/2018 - 25/08/2018
289.00€ 
7
25/08/2018 - 01/09/2018
269.00€ 
7
01/09/2018 - 08/09/2018
119.00€ 
7*
08/09/2018 - 15/09/2018
99.00€ 
7*
15/09/2018 - 22/09/2018
69.00€ 
7*

Услови под кои важи аранжманот
- Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица во студио/апартман. (Трето и четврто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз;
- Цените БЕЗ * се однесуваат за наем на  студио/апартман за 7 ноќевања без вклучен превоз;
- Цените со ознака ПРОМО се цени по лице според соодветниот капацитет;
- Во цената на аранжманот НЕ е вклучено користењето на клима уредот - 5 евра;
- За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници;
- Во секое студио / апартман има комплетно опремена кујна, за онолку лица за колку што е наменето студиото/апартманот;
- Постелнината во студијата / апартманите се менува еднаш за време на престојот;
- Сместувањето во студијата / апартманите е најдоцна до 14 часот по локално време, а напуштањето на истите е во 10 часот по локално време;
- Цената е изразена во евра, а плаќањето е во денарска противвредност од 1€ = 62,00 денари; 
- При користење на сопствен превоз, цената на пакет аранжманите се намалува за 10 €; 
 Цена на превоз на релација Куманово – Скопје- Кавадарци– Куманово  изнесува:
возрасни: 40 €;
деца од 2 до 12 години: 30 €;
деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште). 

Категоризација 2 **
Локација Тесалиа
Тип на сместување Апартман