БАНСКО

Банско - Ски бисер на Балканот

Живописниот планински град Банско се наоѓа на едно од најубавите места во јужна Бугарија - на планината Пирин. Во текот на последната деценија градот прераснува во модерен зимски центар и омилена дестинација за одмор за жителите на Бугарија но и на многу други туристи.
Банско е познат по новиот и добро организиран ски центар кој се наоѓа на надморска висина од 936м.
Највисоката точка е 2600м, а најниската 990м. Тој е несомнено најголем современ скијачки центар во Бугарија и на Балканот.

Времето во Банско
Просек на јануарската температура во Банско се движи од +1C* до +9C*, на ски терените од 0C* до -16C*. Снег има од декември до мај и и неговата висина достигнува и до 2м. Ски сезоната во Банско почнува во декември и трае се до мај. Тоа е рај за љубителите на зимски спортови.

Ски лифтови во Банско
Центарот располага со  модерни лифтови: 1 од затворен вид - гондола, 8 жичари, 6 ски лифта и неколку ски лифта за деца.

Ски стази во Банско
Вкупна должина на стазите е околу 75км. Условите за скијање во Банско се одлични. Пирин има 2 врва од кои повисокиот е преку 2900м. Располага со стази за почетници и за професионални скијачи - главна стаза Томба, Бандерица и Црна могила за професионалците.

Предности за скијање во Банско
Секој ден по завршувањето на скијањето, стазите се одржуваат и се проверуваат пред отварање за скијање. Добрата положба дозволува скијање до вечерните часови. Стазата навечер е осветлена за безбедно симнување.

Добрата комбинација на древна историја на Банско - не само како ски центар, туку и стар град со необична убавина, историски згради и каде има многу музеи и историски атракции.

Ви посакуваме незаборавни моменти во Банско