КАРИБИ

Мајами – Портико – Девствени острови – Свети Мартин – Бахами термин 13 март 2019 – Пакет аранжман, авион + хотел + брод (12 дена, 10 ноќевања)
Стара цена: 123.930,00 ден.
Цена 99.130,00 ден.

1 ден: 13 март среда: Белград  (Србија ) – Мајами ( САД )
Состанок на гупата на аеродромот Никола Тесла во 07.00ч, два часа пред летот.Полетување во 09.00ч. Пауза во Истанбул во 15.10ч. Пристигнување во Мајами во 21.05 по локално време. По царинските формалности, трансфер до хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден: 14 март четврток: Мајами ( САД )
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Запознавање со вториот по големина град во Флорида. Мајами е модерен и урбан град, и една од најпосетуваните дестинации во САД. Покрај прочуениот Miami Beach, треба да го посетите  Фламинго паркот од 1950г, музејот Vizcaya кој го претставува стариот дух на Мајами, изграден во италијанско – француски стил, Design disctrict – најпопуларната шопинг локација, тропската ботаничка градина Fairshilde, која е една од најголемите и најувите во овој дел од светот, Мала Хавана – кубанскиот дел на Мајами... Ноќевање.
3 ден: 15 март петок: Мајами ( САД )
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за фултативна посета на националниот парк Everglades. Срцето на овој парк е мочуриште, најголемо од тој вид во светот. Од животински видови, може да се видат алигатои, крокодили, пантери, мечки, видри... Враќање во Мајами. Слободно време. Ноќевање.
4ден: 16 март сабота: Мајами ( САД )
Појадок. Напуштање на хотелот околу 10.00ч. Трансфер до пристаништето во Мајами. Качување на бродот MSC Seaside, и сместување во избраната кабина. Слободно време за индивидуални активности, и запознавање со еден од најмодерните бродови на светот. Бродот испловува од пристаништето во 17.00ч. Вечера. Вечерна анимација. Ноќевање.
5 ден: 17 март  недела: Пловидба
Појадок. Пловидба во територијалните води на Порторико. Слободно време за уживање во бродот. Бродот Seaside претставува прв брод од новата и најголема класа на компанијата MSC.. рв пат запловил на 01.12.2017г. Оваа флота поседува 18 патнички палуби, воден парк со 5 тобогани, 10 ресторани, 19 барови и кафулиња, дел за деца, кино, казино, куглана, zip – line... Ручек. Вечера. Вечерна анимација. Ноќевање.
6 ден: 18 март  понеделник: Сан Хуан -  Порторико    
Појадок. Слободно време на бродот. Ручек. Бродот впловува во пристаниште во 17.00ч. Слободно време за запознавање со главниот град на Порторико. Живописно градче, со препознатливи коолитни фасади. Секако треба да се посети: Градската куќа, светилникот Loss Morrilos, главната пешачка улица Fortaleza, замокSan Cristobal... враќање на брод. Слободно време за индивидуални активности. Бродот испловува од пристаниште во 1ч по полноќ. Ноќевање.
7 ден: 19 март вторник: Шарлот Амали - Двествени острови
Појадок. Брод пристигнува на пристаниште во 07.00ч. Слободно време за индивидуални активности. На ова место, во минатото, се собирале гусарските бродови, а сега, секоја година го посетуваат милиони патници на крстарења. Ако не се задржувате многу во бутиците, може да откриете историски места како што е светлоцрвената тврдина Кристијан, изградена во 17в, грациозната зелена Зграда на Парламентот, Лутеранската црква од 1793г. Враќање на брод. Бродот испловува од пристаниште во 19.00ч. Вечера. Ноќевање.
8 ден:  20 март  среда: Филипсбург - Свети Мартин
Појадок. Бродот пристигнува во пристаништето во 07.00ч. Слободно време за индивидуални активности. Главниот град на островот Свети Мартин е едно од местата кои не смее да се пропушти и годишно го посетуваат по неколку илјади крузери. Недопрената природа и чистите карипски плажи, меѓу кои и најпознатата Moho beach, се заштитен знак на овој специфичен карипски остров. Враќање на брод. Бродот испловува од пристаниште во 14.00ч. Ручек. Слободно време. Вечера. Вечерна анимација. Ноќевање.
9 ден: 21 март четврток: Пловење
Појадок. Слободно време за уживање во бродските простории, и забава со професионалниот тим за анимација на компанијата MSC. Ручек. Вечера. Вечерна забава. Ноќевање.
10ден: 22 март  петок: Насау - Бахами
Појадок. Бродот пристигнува на пристаниште во12.00ч. Ручек. Слободно време за запознавање со главниот град на Бахамите. Слободното време искористете го за прошетка низ живописниот град, но и за бањање на една од многубројните плажи. Бродот испловува од пристаниште во 19.00ч. Вечера. Вечерна забава. Ноќевање.
11 ден: 23 март сабота: Мајами ( САД )
Бродот пристигнува во пристаниште во 07.00ч. После доручекот, напуштање на бродот. Трансфер до аеродром. Слободно време до вечерните часови. Состанок на паатиците на шалтерот на Turkish Airlines во 20.30ч. Полетувањето на авионот за Истанбул е предвидено за 23.15ч.
12 ден: 24 март  недела: Истанбул ( Турција ) – Белград ( Србија )
Слетување на аеродромот во Истанбул во 17.15ч. Полетување за Белград во 19.50ч по локално време. Слетување во Белград во 19.30ч по локално време. Крај на програмата.


ЦЕНА : 1.599 € за уплата до  15.11.2018.           Редовна цена на аранжманот  1.999 €          

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ОПФАЌА:
• Крстарење (8 дена, 7 ноќи) MSC Seaside на релација Мајами (САД) – Сан Хуан (Порторико) – Шарлот Амали (Девствени острови) – Филипсбург (Св. Мартин) – Насау (Бахами) – Мајами (САД);
• Три ноќевања со доручек во хотел со 3 * Мајами, во ½ соба;
• Авионски превоз на релација Белград – Истанбул, Истанбул – Мајами, Мајами – Истанбул, Истанбул – Белград
• Авионски  такси во висина од 647 евра по лице;
• Сместување во двокреветни кабини, внатрешна категорија, во текот на крстарењето. По желба на патниците, може да добијат и трокреветни, односно четирикреветни кабини од истата категорија, доколку такви се достапни во моментот на резервација на патувањето.
• Проширен полн пансион (доручек, ручек, вечера, попладневен меѓуоброк). Сите оброци се служат или по системот бифе (шведска маса), или во ресторан по систем изборно мени;
• Забава во бродскиот театар секоја вечер во текот на крстарењето, и бродски салони со различни жанри на жива музика;
• Користење на базен, фитнес сала;
• Сите рекреативно – забавни програми, како и анимација на децата во посебни простории;
• Трансфери со туристички автобус од минимум 15 седишта (аудио, видео, AC) на дадените релации според програмата;
• Водич – пратител за време на патувањето;
• Трошоците за организација на патувањето.
    
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ОПФАЌА:
• Пристана такса во висина од 130 евра по лице, плаќање во агенцијата;
• Задолжителен бакшиш во висина од 10 евра по лице, по ноќ. Плаќање на бродот;
• Виза за САД, 150 долари по лице;
• Задолжително меѓународно здравствено осигурување за целото време на траење на аранжманот , во висина од 1019 РСД, за лица на возраст од  18 – 70 години, деца до 18 години имаат 50% попуст, лица над 70 години плаќаат 2040 РСД. Плаќање во Агенцијата;
• Пијалоци на бродот;
• Факултативни излети во организација на бродот;
• Користење на спортскиот терен на бродот;
• Користење на мини-барот во кабината;
• Забава во казино (игрите на среќа се плаќаат во евра, и не можат да се платат со бродска картичка, само во готовина);
• Останати лични услуги на бродот, како што се: перење на облека, собна послуга, користење на бродски средства, телекомуникација, фотографија, интернет, купување во броските продавници

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
• Доплата за еднокреветна кабина на брод и во хотел со 3* во Мајами 569 €;
• Доплата за прозорска кабина на бродот  100€;
• Доплата за балконска кабина на бродот  300€;

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
• Плаќање во денарска противвредност по курс 1€ = 62 ден
• За резервација на патувањето се врши уплата во износ од  40% од вкупната цена на аранжманот, а остатокот најдоцна еден месец пред денот на патувањето;
 
Цената е гарантирана само при уплата на целосниот износ, во спротивно, гарантиран е само износот на акотнтацијата, а остатокот е подложен на промени.

Опис на бродот:Brodska kompanija: MSC;
Броска компанија: MSC;
Брод: Seaside;
Година на градење: 2017г;
Должина: 323м;
Број на патници: 5119;
Број на палуби: 18 патнички
Содржини на бродот: 10 ресторани, 19 барови, џакузи када, базен, теретана, театар, казино, игротека за деца, free shop, интернет катче, диско, соба за карти
Извор: https
://www.msccruisesusa.com/en-us/Discover-MSC/Cruise-Ships/MSC-Seaside.aspx

ЗАБЕЛЕШКИ:
• Сите одредби и правила во текот на крстарењето се дефинирани со правилникот на brodara MSC Cruises (Посебни услови за патување)
• Бродарот го задржува правото да ја промени програмата на крстарењето, и останатите програми, поради непредвидени околности по меѓународните прописи и  uzansama за пловидба и превоз на патници по морски пат.
• Ако гостите за време на ручекот користат некој од излетите, или слободното време го поминуваат надвор од бродот, бродарот нема да им поссли ручек.
• Секоја промена на програмата на патувањето од страна на самиот патник, во текот на патувањето, а во согласност со претставникот на Агенцијата, не претставуваат промена на договорената програма;
• Организаторот  на патувањето го задржува правото на промена на програмата (редослед на содржините во прграмата, во зависност од објентивните околности)
• Сите патници по прифаќање на програмата, должни се да се запознаат со договорената програма на патувањето, условите за плаќање, условите за патничкото и здравствено осигурување, и Општите услови на патување на организаторот на патувањето и посебните услови за пловидба на бродаовите Costa Cruises;
• Сите патници, пред поаѓање на пат мора да се запознаени со пропишаните правила на однесување во земјите во кои патуваат;
• За сите факултативни излети, потребен е минимален број пријавени учесници, за истите да се реализираат;
• Во случај на недоволен број на пријавени патници, крајниот рок за известување и откажување на аранжманот е најдоцна 5 дена пред поаѓање;
• Во случај на промена на монетарниот пазар, како и промена во цените на превозниците и осигурителните друштва, Организатна патувањето го задржува правото да ги коригира цените на аранжманот;
• Распоредот за седење во автобус се прави според редоследот на резервирање.
• Организаторот на патувањето не сноси одоговорност за евентуални други усни информации за програмата  на патувањето, добиени од страна на вработените во агенцијата, како и вработени овластени субагенти, кои не се во склад со потпишаниот договор за патувањето.
• Пресметката е правена на база на минимум 40 пријавени патници;
• Организаторот на патувањето не е овластен да процени исправност на патничките и другите исправи на патниците;

Категоризација 5 *****
Тип на сместување Хотел