1 ден 05.04.2018 ( четврток )  Скопје / Штип – Игуменица-Крф
Поаѓање во 21.00 часот од Скопје , паркингот пред хотел ВИП, во 22.30 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта. Ноќно возење до Игуменица со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 06.04.2018 ( петок ) Крф – Ахилеон
Пристигнување во Игуменица. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во претпладневните часови. Сместување во апартмани. Слободно време  до 15:00 часот. Посета на палатата на принцезата Сиси - АХИЛЕОН. По разгледот на палатата, продолжуваме кон градот Крф со попатна посета на Канони -  познат локалитет и видиковец, посета на црквата на Пресвета Богородица од Влахерна која се наога на мало островче и панорамски разглед на островот  Понтикониси- ( легендата  кажува дека островот настанал кога Посејдој го скаменил брод на Феичаните, казнувај ги за нивната помош кон Одисеј).  Пристигнување во  градот,  каде  се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе - симбол на островот. Церемонија продолжува до 21:00 часот кога  излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големиот хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија - оплакувањето на Христос.  Враќање во  апартмани. Ноќевање.

3 ден 07.04.2018 (сабота)  КРФ - Палеокастрица
Поаѓање кон градот Крф и следење на  познатата велигденска церемонија: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св.Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на  композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи: Пилина и Мастело. Слободно време до 13.00 часот кога се поаѓа према  Палеокастрица, живописно место на северниот дел од островот. Попатна посета на  фабрика за пијалоци и слатко од овошјето Ком-куат, кое расте единствено на островот. Слободно време во заливот Палеокастрица за индивидуални активности. Можност за факултативен ручек со традиционално јагнешко печење или рибни специјалитети. Враќање во хотелот. Слободно време. Околу 21:00 часот се поаѓа према градот, каде на големиот плоштад се очекува величествениот миг - ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници  луѓе со  свеќи во рацете, а небото го краси импозантен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање во апартмани. Ноќевање.

4 ден 08.04.2018  (недела )  Крф- Игуменица-Метеори-Штип/Скопје
ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН-ден на радоста. Во претпладневните часови  поаѓање со брод за Игуменица. Посета на манастирската населба Метеори со посета на еден од многуте средновековни манастири подигнати на високи карпи. Метеорите се таканаречени „карпи во воздухот“ едни од најголемите православни комплекси во Грција. Шесте манастири се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција. Денес од шесте манастири, пет се машки а еден е женски манастир. Враќање во  Штип / Скопје  во доцните вечерни  часови.    


Ценана аранжманот:  5.990,00 денари

Во цената на аранжманот влезени се следните услуги:
- превоз со туристички автобус
- појадок во режија на агенцијата првиот ден
- превоз со брод  на релација: Игуменица – Крф - Игуменица   
- ноќевања во апартмани во Мораитика  
- организација  и водство на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аражманот не се следните услуги:   
- туристичка такса -2 евра  ( задолжителна доплата во агенцијата)
- влезници во  локалитетите што  се посетуваат по програмата:
- палатата на принцезата Сиси – 8 -10 € ( се плаќа на влезот )
- влезница за Метеорите – 3 € ( се плаќа на лице место)
- патничко осигурување 200 денари (задолжително)

Општи напомени :
- ТА Дипломатик травел сервис  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање

Рок на пријавување 30.03.2018

Категоризација 2 **
Тип на сместување Апартман