Достапност

Fame Residence Goynuk - Kemer

Хотелот се наоѓа во областа Goynuk, на 10км од Кемер и на 40км од аеродромот во Анталија.
0,00 ден.

За цени и слободни термини, јавете се во агенцијата.

Хотелот се наоѓа во областа Goynuk, на 10км од Кемер и на 40км од аеродромот во Анталија. 

Вкупен број на соби 257. Стандардните соби се со поглед на планина, купатило со када и туш, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (само со вода), сеф (се наплаќа), тепих на под, сателитска ТВ и музички канали. 

Fame Style Сè Вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни ужини, полноќна супа, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 23:00ч. не се наплаќаат. Сите увозни пијалоци, свежо цедените сокови, сите флаширани пијалоци, A`la Carte ресторани со претходна резервација, пијалоците во Диско клубот, собна услуга, храна и пијалоци после 23:00ч. се наплаќаат. 

Главен ресторан со шведска маса, A`la Carte ресторани – Италијански, Турски и Рибен ресторан, снек бар покрај базен, лоби бар, бар на плажа, Англиски Паб и Диско Бар на плажа. Продавници, доктор и медицинска сестра, сеф, чување деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет во лоби не се наплаќа 

Хотелска плажа со камчиња, на 90 м од хотелот (се преминува улица); душеците, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни. 

Затворен и отворен базен, отворен базен за деца, лизгалици, фитнес центар, сауна, Турска бања, Џакузи, тениски терени, мини фудбал, пинг понг не се наплаќаат. Осветлување за тениски терени, масажа, билијард и водени спортови се наплаќаат. Мини Клуб за деца со игралиште и игротека. Забавни програми во текот на целиот ден.

Категоризација 4 ****
Локација Кемер
Тип на сместување Хотел