КУШАДАСИ

Кушадаси - приморски град во Турција и многу популарно летувалиште на брегот на Егејско Море. Некогаш мала рибарска населба, денес значаен туристички центар.

Во минатото познат како Неаполис, Нов Ефес и Scala Nuova. Во античко време, на местото на денешен Кушадаси, се наоѓал античкиот град Неаполис, кој бил под управа на тогашниот најсилен град во Средоземјето, Ефес. Во непосредна близина на Неаполис, се наоѓале градовите Маратезион и Пигала, кои наводно ги основаа болните војници на кралот Агамемнон во текот на Тројанската војна. Со самото слабеење на Ефес, почнува и мрачното и крваво време за Неаполис кое трае сè до Средниот век. До 15. век градот (Scala Nuova) бил под управа на трговците од Венеција и Џенова. Во 1413 година Турците, предводени од султанот Мехмет Челебија, го освојуваат и ограбуваат градот, кој оттогаш е под власт на Турција.

Современото име градот го добива по полуостровот на излезот од центарот на градот (Остров на гулабите - (Güvercin Adası). Името, всушност е кованица од два збора - птица (kuş) и остров (ada).

Филтри