Апартмани Лара ЛУКС - Чањ

Чањ е атрактивно туристичко место, кое се наоѓа меѓу Петровац и Сутоморе, го краси пространата песоклива плажа долга 1100 м.
ден 0,00

Чањ е атрактивно туристичко место, кое се наоѓа меѓу Петровац и Сутоморе, го краси пространата песоклива плажа долга 1100 м. Во непосредна близина,  достапна само од морето се наоѓа позната плажа Кралица која се мсета за бисер на Јадранот.
Студио-апартмани „ Лара- Лукс „ се наоѓаат во мирниот дел на Чањ, на околу 80 м од плажа. Модерно опремени, удобни и комфорни ( 1/2, 1/3, 1/4 ) со сопствено купатило, тераса, ТВ-кабловска, интернет, фрижидер, клима-вклучена во цената, мини опремена кујна.
Во склоп нао бјектот има отворен  базен опремен со лежалки и чадори кои се бесплатни за гостите.
Исхраната се врши во модерно опремен ресторан „ Лара„ , каде во пријатен амбиент ќе Ве пречекаат со квалитетна домашна храна и љубезен персонал.
Неколку пати неделно се организираат детски кино претстаави каде децата ќе можат да уживаат со нивните омиллени ликови од цртаните.

Цени , ПО ЛИЦЕ на ден, на база полу и полн пансион

ПП-Полу пансион ( ноќевање, доручек/вечера и доручек/ручек и вечера- оброци по избор на гостите).

ПА- Полн пансион ( ноќевање со 3 оброци). Доручек, ручек и вечера - шведска маса избор на повеќе јадења изборот се врши со анкета - од денес за утре.

Смените почнуваат:
- Со ручек / за клиентите кој имаат резервирано полн пансион/ и завршуваат со појадок последниот ден
- Со вечера / за клиентите кој резервирале полупансион –појадок, вечера / -завршуваат со појадок последниот ден
- Со ручек / за клиентите кои имаат резервирано полупансион-ручек,вечера/ -завршуваат со вечера, претпоследниот ден.

Попусти и доплати:
- Деца до 2 год имаат бесплатно сместување ( без кревет и исхрана )
- Деца 2-10 год на заеднички кревет-имаат попуст 50% , а на посебен кревет плаќаат 70%
- Дете до 12 год со еден возрасен во студио 1/2 , плаќа 80% од цената за возрасен

Задолжителна доплата на туристичка такса –СЕ ПЛАЌА на лице место, во сместувачкиот објект :
Деца до 12 год-0,50€,  од 12-18 год -1.00€, возрасни 1.50€ на ден
Влез во студијата од 12,00 на денот на влегување, а напуштање последниот ден-најдоцна до 09,00 часот.

Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во МКД денари (1€=62мкд).

Категоризација 4 ****
Локација Чањ
Тип на сместување Апартман