Апартмани ЛАРА - С -Добра Вода

ЛАРА - С е новоизграден објект, оддалечен 130м од плажата Велики Пјесак, во Добра вода.
0,00 ден.

ЛАРА - С е новоизграден објект со 3*, по меѓународните стандарди. Објектот располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студио-апартмани. Секој од апартманите има сопствено купатило, тераса, комплетно опремена мини кујна со фрижидер, клима, сателитска ТВ, и најголемиот дел имаат поглед кон море. Модерно опремени и удобни, студио-апартманите пружаат конфор и удобност на туристите. Во склоп на објектот е рецепцијата, како и модерно опремен ресторан, каде во пријатен амбиент ве очекува квалитетна услуга со домашна храна, од љубезен и насмеан персонал. 

Оддалечени се 130м од плажата Велики Пјесак, во Добра вода. 

Добра Вода се наоѓа на 8км од Бар, а песочната плажа Велики Пјесак, поради чистотата на водата, припаѓа во I категорија на плажи. Местото ќе ви пружи поглед кон незаборавно зајдисонце, по кое е и посебно познато. Добра Вода уште се нарекува и воздушна бања, поради вкрстувањето на различните ветрови кои дуваат од планината и морето, и се посебно погодни за лица кои боледуваат од астма, бронхит, и други респираторни болести. 
Плажата Велики Пјесак е доста посетена, и покрај неа се наоѓаат голем број на ресторани, кафетерии, слаткарници, ноќни клубови и мини маркети. Плажата секојдневно ја посетуваат туристички бродчиња со кои може да ги обиколите и подалечните плажи на црногорското приморје, како и островите. 

Во самиот објект e обезбеден паркинг простор, по цена од 1€ на ден. 
Објектот има и бесплатен интернет за гостите. 

Цени , ПО ЛИЦЕ на ден , на база полу и полн пансион

Тип на студио Услуга 01.06-21.06 21.06-01.07 01.07-11.07 11.07-21.07, 21.07-31.07
09.09-30.09 30.08-09.09 20.08-30.08 31.07-10.08, 10.08-20.08
1/2, Полупансион 15.50 € 20.50 € 23.50 € 26.00 €
1/3, 1/4 Полупансион 15.50 € 19.00 € 20.00 € 23.50 €
1/2, Полн пансион 18.00 € 23.00 € 26.00 € 28.50 €
1/3, 1/4 Полн пансион 18.00 € 21.50 € 22.50 € 26.00 €
Можност за бирање: Појадок и ручек / Појадок и вечера / Ручек и вечера –се најавува при резервација
Попусти и доплати:
- Деца до 2 год имаат бесплатно сместување ( без кревет и исхрана )
- Деца 2-10 год на заеднички кревет-имаат попуст 50% , а на посебен кревет плаќаат 70%
- Дете до 12 год со еден возрасен во студио 1/2 , плаќа 80% од цената за возрасен
Смените почнуваат: 
- Со ручек / за клиентите кој имаат резервирано полн пансион/ и завршуваат со појадок последниот ден
- Со вечера / за клиентите кој резервирале полупансион –појадок, вечера / -завршуваат со појадок последниот ден
- Со ручек / за клиентите кои имаат резервирано полупансион-ручек,вечера/ -завршуваат со вечера, претпоследниот ден
 
Оброците се избор од повеќе јадења- изборот се врши со анкета-од денес за утре

Задолжителна доплата на туристичка такса – СЕ ПЛАЌА на лице место, во сместувачкиот објект :
-Деца до 12 год-0,50€,  од 12-18 год -1.00€, возрасни 1.50€ на ден

Влез во студијата од 12:00 часот, на денот на влегување, а напуштање последниот ден-најдоцна до 09:00 часот.

Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денари (1€=62мкд).

Категоризација 3 ***
Тип на сместување Апартман
Локација Добра Вода