ЦРНА ГОРА

Црна Гора - бисерот на Медитеранот, сместена e во југоисточна Европа, на Балканскиот полуостров. Со уникатното Јадранско крајбрежје, прекрасни езера, 5 национални паркови и гигантски планини, оваа мала, но исклучително убава земја е опкружена со Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Туризмот е една од најважните индустрии во Црна Гора, а последните години Црна Гора е на списокот на врвни светски туристички дестинации.

Црна Гора се простира на површина од 13.812 км. Според последните статистички податоци има 670 000 жители. Главен град и најголем град е Подгорица  кој е административен и економски центар, додека Цетиње има статус на престолнина. Официјален јазик е црногорскиот јазик, а српскиот, хрватскиот, бошњачкиот и албанскиот јазик исто така се во официјална употреба.

Вкупната должина на црногорскиот брег е 293 км, додека вкупната должина на плажите е 73 км. Најдолгата плажа се наоѓа во Улцињ, долга 12 км,  вкупниот број на острови се 48. Државата по својата географска положба, припаѓа на средниот Медитеран, односно на Јужна Европа. Најголеми градови се Подгорица, Цетиње,  Даниловград, Никшич. Со својата мала територија, Црна Гора има дури пет национални паркови: Национален парк Биоградско езеро, езерото Скадар, Дурмитор, Ловќен, Проклетије.

Филтри