Lloret de Mar

Ако под совршен одмор се подразбира преубави плажи, чисто море, забава, тогаш 7 дена Лорет е идеално место за правиот одмор. Барцелона исто така Ве чека Вас. Оваа каталонска кралица со прекрасна убавина и автентичност ќе Ве остави без здив додека се шетате по главната градска улица Ла Рамбла, статуата на Кристофер Колумбо, уживате во делата на прочуениот Антонио Гауди – црквата Света Фамилија, куќата Батљо, камената куќа Педрера, музеите со прекрасните дела на сликарите кои го сочинуваат светото тројство на каталонската уметност: Хуан Миро, Салвадор Дали, Пабло Пикасо... Олимпискиот стадион, прочуениот Камп Ноу, забавниот парк Порт Авентура, традиционалното шпанско Фламенко ... Посетата на Барцелона секако преставува посета која никогаш нема да ја заборавите.
0,00 ден.

1.ден: СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА     
Патувањето започнува во 14:00 часот пред Скопски саем. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2.ден: ВЕНЕЦИЈА        
Во утринските часови пристигнуваме до нашето прво одредиште Лидо ди Јесоло ( регија Венето ).  Малку одмор а потоа заминуваме на разгледување на заспаната убавица Венеција. Овој необично романтичен град пресечен со тесните улички и канали ќе ве воодушеви со својата убавина. Возењето со гондола, Дуждевата палата, мостот на воздишки, црквата и плоштадот Св. Марко се дел од понудата кои не смеат да се пропуштат за време на посетата. Сместување во хотел. Ноќевање.
3.ден: ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР
По завршување на појадокот го напуштаме хотелот и се упатуваме кон Верона. Приказната за Ромео Монтеки и Јулија Капулети кои за својата љубов ги жртвуваат своите животи и постануваат симбол на вистинска и трагична љубов, се единствена причина поради која секоја година повеќе од три милиони туристи ја посетуваат Верона. Задолжително посета на римскиот театар – Арена трета по големина во Италија, споменикот на Данте Алигиери, црквата Марија Антика, плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори ... По завршување на разгледот ке здивнеме на некој од преубавите и живописни плоштади: препорака пробајте го преубавото Италијанско капучино – со пена во вид на срце. Вечерта заминуваме кон Лорет де Мар. Патување покрај Азурниот брег со повремени паузи поради одмор. Ноќно возење.
4-10 ден: ЛОРЕТ ДЕ МАР
Предпладне пристигнуваме во Лорет де Мар - нашата база на патувањето. Ако под совршен одмор се подразбира преубави плажи, чисто море, забава, тогаш 7 дена Лорет е идеално место за правиот одмор. Барцелона исто така Ве чека Вас. Оваа каталонска кралица со прекрасна убавина и автентичност ќе Ве остави без здив  додека се шетате по  главната градска улица Ла Рамбла, статуата на Кристофер Колумбо, уживате во делата на прочуениот Антонио Гауди – црквата Света Фамилија, куќата Батљо, камената куќа Педрера, ги посетуваме музеите со прекрасните дела на сликарите кои го сочинуваат светото тројство на каталонската уметност: Хуан Миро, Салвадор Дали, Пабло Пикасо. Несмее да се пропушти Олимпискиот стадион, прочуениот Камп Ноу,  забавниот парк Порт Авентура, традиционалното шпанско Фламенко ...  Посетата на Барцелона секако преставува посета која никогаш нема да ја заборавите.
11.ден: ЛОРЕТ ДЕ МАР – КАН - АНТИБ
Појадок и збогување со Лорет де Мар. Нудиме  факултативно посета на Барцелона. Вечерта посета на магичната фонтана. Пред полноќ, заминуваме кон Кан. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор.
12.ден: КАН -  АНТИБ
Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Предлагаме факултативен разглед на Кан и Антиб ( Кан: ќе прошетаме  по најголемата улица Кроасета - Авенија на Палмите  каде што се наоѓаат најелитните хотели: Карлтон, Хилтон, Мартинез, филмскиот театар ....  и Антиб: Музејот на Пикасо, Стариот град, Марината... ). Во попладневните часови сместување во хотел.
13.ден: НИЦА -  МОНАКО -  МОНТЕ КАРЛО -  ЕЗ  - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот разглед на Ница: стариот дел на градот, шеталиштето на Англичаните... По разгледот факултативно ќе го посетиме  малото место Ез прочуено по своите фабрики за парфеми. Во парфимеријата Фрагонард ќе ги дознаеме сите тајни за производство на парфеми. Факултативниот разгледот го продолжуваме кон кнежевината Монако со посета на Палатата, Океанографскиот музеј, Јапонската градина, црквата Св. Никола со гробот на Грејс Кели и Рение III  Грималди. Прошетка по патеката на Ф1, посета на салоните од познати марки на автомобили ... Попладне среќата ја пробуваме во  казино во Монте Карло. Заминување кон Скопје околу 21:00 часот. Патување преку Италија, Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
14.ден: Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ОСОБА НА БАЗА ПОЛНПАНСИОН:

Цената е дадена во евра . Уплатата се врши во денари 1 € = 62 ДЕНАРИ
Уплата – аконтација во висина од 3.000 денари на денот на склучување на договор за патувањето. Остатокот најдоцна 10 дена пред тргнување. Можност за уплата на рати со сите видови VISA, MASTER и MAESTRO картички.
Попуст за дете важи во случај кога е во придружба со 2 возрасни особи.

Во цената на аранжманот влезени се следните услуги:
- превоз на наведената релација со високотуристички автобус: ТВ, Видео, клима уред
- сместување во хотел во регија Венето и Ница / Кан на база ноќевање со појадок
- сместување во хотел Montevista*** во Лорет де Мар на база ПА ( појадок + ручек + вечера - шведска маса )
- водич од агенцијата за време на патувањето и престој во Шпанија

Во цената на аранжманот не се влезени следните услуги:
- девизен дел 25 € по особа ( деца до 12 години 10 € девизен дел )
- Влезници за објектите кои се посетуваат
- Факултативни излети и посети ( деца до 12 години 50% ):  Венеција 20 €, разглед Барцелона 20 €, посета на Барцелона и магичната фонтана 15 €, Монако / Монте Карло 20 €, Кан 10 €,
- Патничко и здравствено осигурување
- Туристичка такса:  Шпанија 0,5 € дневно, Италија 3 €

НАПОМЕНА:  за реализација на аранжманот потребна е група од 45 патници

Тип на сместување Хотел
Категоризација 3 ***