РИМ

Најубавиот град на светот. Вечниот град, градот на културата, историјата, капучино и шпагети al dente, градот на модата и сончање на прекрасните тераси од кафетериите на плоштадот Навона со порција на преубавиот далеку познат Италијански сладолед сето тоа во друштво на преубавите Италијански девојки со длабоки деколтиња.
Стара цена: ден 15.900,00
Цена ден 10.420,00

Најубавиот град на светот. Вечниот град, градот на културата, историјата, капучино и шпагети al dente, градот на модата и сончање на прекрасните тераси од кафетериите на плоштадот Навона со порција на преубавиот далеку познат Италијански сладолед сето тоа во друштво на преубавите Италијански девојки со длабоки деколтиња. Сите патишта водат кон Рим, па нормално и нашиот. Кога ќе пристигнете во градот на реката Тибар, Ве чекаат Колосеумот и Вила Боргезе, Шпанските скали и фонтана Треви, Пантеон, Ватикан и преубавата улица Via del Corso.  Сите познати имиња по приказната за Рим се наоѓаат под вашите стапки во доменот на вашиот поглед. Влеговте во овој сон на камената вечност на овој град кој мора да се види.  Доста поезија да прејдеме на конкретни работи.
Како да се разгледа градот?
Како и секој друг, пешки низ центар, со превоз до периферија и неговата околина. За Рим се зборува дека е вечен град но многу пати изгледа и како бесконечен. Неплашете се од неговите седум рида, кои одамна се испеглани во вид на огрома џунгла на римскиот асфалт. Нема туризам без замор, а поготово не во најтоплиот град во Европа.   Имајте на ум дека дека со Вашиот краток престој нема да можете се да видите. Ни Рим не се изгради за еден ден. Во програмите одбравме она што не смеете да го пропуштите.

1 ден: СКОПЈЕ – РИМ 06/12/2019  петок )
Лет за Рим од  Меѓународен аеродром Скопје во 13:20 часот со лет на авиокомпанијата Wizzair со лет бр. W6 7757. Слетување на аеродомот Чампино во 15:00 часот. Индивидуален трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне (индивидуално) дознајте  зошто Шпанските скали се омилено збиралиште на младите Римјани, како изгледале гладијаторските игри во колосеумот, зошто Шпагети болоњезе се заштитен знак за Рим. Уживајте во преубавата црква Св. Јован Латерански, замислете желба крај Фонтана ди треви,  плоштадите Пополо, Навона и плоштадот на Цвеќето, Пантеон ... Ноќевање.
 
2 ден: РИМ ( 07/12/2019 сабота )
Појадок. Препорака: посетете ја Св. Петар во Ватикан, а потоа Ватиканските музеи со познатата Систинска Капела. Попладне плоштадот Навона,  плоштадот на цвеќето (Campo de' Fiori ), Пантеон... Ноќевање.

3 ден: РИМ ( 08/12/2019 недела)
Појадок.  Слободен ден. Наша препорака паркот Тиволи – познат по своите многубројни фонтани и преубавата Вила Есте. Попладне малку шопинг. Ноќевање.
 
4 ден: РИМ – Скопје ( 09/12/2019  понеделник )
Одјавување од хотел. Слободно предпладне. Индивидуален трансфер до аеродром. Лет за Скопје од аеродромот Чампино во 15:35 часот со лет бр. W6 7758 на авиокомпанијата Wizzair  528. Слетување во 17:10 часот на Меѓународен аеродром Скопје.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ОД 168€

Во цената на арнжманот влезени се следните услуги:
- 3 ноќевања  во хотел 3*** во централно градско подрачје на Рим ( Термини ) во двокреветни соби
- Повратен авионски билет на релација Скопје - Рим - Скопје, со компанијата Wizzair
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба (рачен багаж) со димензии 55x40x23cm (повеќе информации во врска со багажот на www.wizzair.com)

Во цената на арнжманот не се влезени следните услуги:
- Такса за престој во Рим  ( хотел 3*** - 3€ од ден се плаќа на лице место во хотел )
- Трансфер на релација Аеродром – Рим ( Термини главна автобуска и железничка станица ) – аеродром ( автобус + воз 2,70€ во правец ) или приватен трансфер околу 39€  во два правци
- Влезници за  објектите кои се посетуваат
- Билети за јавен превоз (метро, автобус )
- Патничко осигурување – 4€


Напомена:   за реализација на овој аранжман потребни се минимум 2  патника. Цената на аранжманот зависи од моментално расположливите места на Авио компанијата Wizzair, како и од расположливоста на слободни соби во избраниот хотел.

Категоризација 3 ***
Тип на сместување Хотел