МОСТАР – МЕЃУГОРЈЕ – ВИШЕГРАД - МОКРА ГОРА

5 дена / 2 ноќи / автобус – 19.10.2018 – 23.10.2018
ден 5.400,00

1. ден: СKOПЈЕ 19.10.2018 (четврток)
Состанок на групата на паркингот пред хотел ВИП ( Скопски саем ) во 20:30 часот, заминување кон Сараево. Патување преку  Србија со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2. ден: САРАЕВО 20.10.2018 ( петок )
Пристигнување во Сараево град со долга и богата историја на верска и културна разновидност. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православ на црква, католичка црква и џамија во иста населба. Разглед на градот со локален водич : градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (кадешто бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Сместување во хотел. Ноќевање.

3. ден: САРАЕВО – МЕЃУГОРЈЕ – МОСТАР – САРАЕВО 21.10.2018 (сабота)
Појадок. По појадокот можност за фалкутативен излет до Мостар и Меѓугорје. Попатно посета на камената ќуприја во Коњиц, срушениот мост од втората светска војна познат како битка на Неретва. Потоа продолжуваме кон Меѓугорје - местото кое стана познато католичко свето место по изјавите на неколку локалци дека таму се прикажал ликот на Марија Богородица. Првото такво сведочење било во 1981 година, а оттогаш во овој херцеговски град се развива верскиот туризам. Напуштање на Меѓугорје и поаѓање кон Мостар , градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностит е и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол.
Посета и прошетка на: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI -XIX век, Саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед -Пашина џамија. Во попладневни часови враќање кон Сараево. Слободно време за индивидуални активности. Факултативна посета на ресторан со вечера ( телешко печење под САЧ ) и жива музика во ресторан КОД БЕМБАШЕ. Ноќевање.

4. ден: САРАЕВИ – ВИШЕГРАД - МОКРА ГОРА – СКОПЈЕ 22.10.2018 ( недела)
Појадок. Поаѓање кон Македонија со попатна посета на Вишеград – Град сместен на бреговите на реката Дрина . Факултативно Возење со брод по реката Дрина и панорамски разглед на градот со водич. Посета на Андричград, град кој го гради Емир Костурица во чест на познатиот писател и нобеловец Иво Андрич. По посетата продолжуваме кон Мокра Гора. Пристигнување во Мокра Гора. Факултативна посета на Музејот на отворено - Дрвенград  градот на Емир Костурица. Слободно време за разглед. Во вечерните часови заминување кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

5. ден: СКОПЈЕ 23.10.2018 (понеделник)
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 5.400,00 ден

Во цената на аранжманот влезени се следните услуги:
- превоз на наведената релација со  туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3 * во Сараево
- разглед на Сараево со локален водич
- организација и водство на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот не се влезени следните услуги:
- факултативен излет до Меѓугорје и Мостар со локален туристички водич вклучен во цената –15евра ( минимум 35 лица за реализација, пријавување при резервација на аранжманот). Без водич само посета и превоз 10 € по особа.
- влезница за посета на Дрвен Град во Мокра Гора -250 динари или 2.5 евра ( се плаќа на лице место)
- Возење со брод по Дрина со водич – 5 € по особа
- Факултативна посета на ресторан “ КОД БЕМБАШЕ “  со жива музика и вечера ( ТЕЛЕШКО ПЕЧЕЊЕ ПОД САЧ ) со гарнир, предјадење Кајмак, пршут, сезонска салата, 1 пијалак Сок, пиво или чаша вино, десерт – 25 €,
- патничко осигурување –200 ден( задолжително)
- влезници за културно-историските споменици

Општи напомени :
- Дипломатик травел сервис го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

Пријавување заклучно до  15.10.2018

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Категоризација 3 ***
Тип на сместување Хотел