Достапност

Sunrise Park Resort&Spa - Side

Хотелот се наоѓа во туристичката зона во Сиде, на само 8 км од Манавгат и 80 км од меѓународниот аеродром на Анталија.
0,00 ден.

За цени и слободни термини, јавете се во агенцијата.

Локација

Хотелот се наоѓа во туристичката зона во Сиде, на само 8 км од Манавгат и 80 км од меѓународниот аеродром на Анталија.


Сместување

Хотелот располага со вкупно 504 соби. Сите соби се опремени со клима уред, телефон, сателитска ТВ, минибар, сеф, купатило со сите потребни додатоци, балкон.


Ресторани и барови

Главниот ресторан во хотелот има капацитет од 1200 места и во него гостите можат да уживаат во богата шведска маса со најразлични специјалитети. Хотелот располага и со 12 a la carte ресторани во кои е потребна претходна резервација и се со доплата, освен Турскиот ресторан, во кој секој гостин има право на една бесплатна посета во текот на неговиот престој. Хотелот им нуди на гостите и неколку барови каде што во текот на денот можат да уживаат во различни топли и ладни пијалоци.


Активности

2 надворешени базени, 1 внатрешен базен, аква парк, лежалки, чадори, крпи за на плажа, фитнес центар, соба за игри, билијард, пинг понг, игралиште за кошарка, одбојка на плажа, тениски игралишта, куглана, мини клуб, спа центар.
Категоризација 5 *****
Локација Сиде
Тип на сместување Хотел