БАНСКО

Банско - Ски бисер на Балканот
Живописниот планински град Банско се наоѓа на едно од најубавите места во Бугарија во подножјето на планината Пирин. Во текот на последната деценија, градот прерасна во еден од најмодерните зимски центри на Балканот и омилена зимска дестинација на голем број туристи.

Тој е несомнено најголем современ скијачки центар во Бугарија и на Балканот. Вкупна должина на скијачките стази изнесува околу 75км.