Gramenos Villa 2*

​Вила ГРАМЕНОС се наоѓа на околу 100 метри од плажа во центарот на Полихроно.
ден 0,00

Вила ГРАМЕНОС 2*, се наоѓа на околу 100 метри од плажа во центарот на Полихроно. 
Апартманите се четворокреветни, пространи, на прв и втор кат, и се состојат од комплет опремена кујна каде што се наоѓа еден кревет на спуштање и посебна спална каде што има еден дупли и еден единечен кревет, голема тераса  со гарнитура за седење ,бања, ТВ, бесплатно користење на клима и Wi-Fi на располагање од јуни. Четворокреветното студио е големо и пространо и се наоѓа на приземје со еден дупли кревет и два единечни кревети и кујна со трпезариска маса и голема тераса.
На самата уличка која води кон плажата се наоѓаат маркет, рибарница. На само 40 метри се наоѓа и голем бесплатен паркинг.  

Цените во табелата се однесуваат на апартман:

ПЕРИОД НОЌЕВАЊА 1/4 СТУДИО 1/4+1АПП
22.05 -  01.06 10 100 € 200 €
01.06 - 11.06 10 220 € 260 €
11.06 - 21.06 10 280 € 370 €
21.06 - 01.07 10 340 € 410 €
01.07 - 11.07 10 430 € /
11.07 - 21.07 10 490 € /
21.07 - 31.07 10 540 € /
31.07 - 10.08 10 560 € /
10.08 - 20.08 10 560 € /
20.08 - 30.08 10 430 € /
30.08 - 09.09 10 280 € 400 €
09.09 - 19.09 10 200 € 320 €
19.09 - 29.09 10 140 € 220 €

Напомена:
- Цените  се однесуваат на апартман за 10  ноќевања 
- Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
- Сместување во собите е во 14 часот по локално време а напуштање на апартманите е до 09.30 часот по локално време
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената. По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.Лицата кои претходно уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средтвата на име на разлика во цената.
- Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.
- За уплатени два аранжмани 10+10 ноќевања, одобруваме попуст од 10 % на вториот аранжман за сезонските смени од 01.07.-30.08.

Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:
- возрасни: 35 €
- деца од 2 до 12 години: 25 €
- деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

Туристичка такса за соба од ден изнесува 0,50€ -1€ и се плаќа на лице место во објектот.

Општите услови за патување  на ДИПЛОМАТИК ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ се составен дел на овој аранжман.

Категоризација 2 **
Локација Полихроно
Тип на сместување Апартман