Coral Blue Beach 3*

Хотелот се наоѓа на почетокот на вториот крак, во местото Геракини 300 метри од главниот пат, со сопствена плажа.
ден 0,00

Локација
Хотелот се наоѓа на почетокот на вториот крак во местото Геракини 300 метри од главниот пат.  Местото Геракини е склоп на зеленило и богата вегетација како и сино море.   Хотелот е идеално место за фамилијарен одмор. Доколку сакате одмор со децата и уживање покрај прекрасното море овој хотел е совршен избор за Вашиот одмор.

Плажа
Сопствена песочна плажа пред самиот хотел. 

Опис на објектот
Сите соби се опремени со: клима, телевизор, телефон, Wi-Fi интернет (бесплатен во лобито, во собите со доплата на лице место), фрижидер, сеф, туш, фен за коса, балкон или терса.
Хотелот располага со двокреветни соби, bungalow соби, Family Bunk bed соби и Family apartments, Double superior и Loft соби. Во понудата во сопствен закуп ги имаме подолу наведените 3 типа на соби, а сите останати можат да се резервираат со одредена доплата или по редовен продажен ценовник од хотелот.

Dbl Standard: реновирани со брачен кревети и можност за дополниотелно легло или baby cot. 
Макс. капацитет: 2 возрасни + дете до 11,99 год.

Bungalow: 2 одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло
Макс. капацитет: 3 возрасни или 2 возрасни + две деца до 11,99 год.

Family Bunk Bed: реновирани и имаат или кревети на спрат или трето дополнително легло (најсоодветни за деца до 11,99г.).
 Макс. капацитет: 3 возрасни или 2 возрасни + две деца до 11,99 год.

Напомена: Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) бесплатно - со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот. 

БЕСПЛАТНО користење на 2 лежалки и чадор по соба

Услуга
Полупансион – појадок и вечера – шведска маса
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

Услови за "early booking": За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.  

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.                            

Цените се дадени по лице за 7 ноќевања со појадок и вечера во евра без попуст

Термин Ноќевања Double standard Bungalow Family Bunk Bed
27.05-03.06.2018 7 190 € 200 € 225 €
03.06-10.06.2018 7 210 € 225 € 245 €
10.06-17.06.2018 7 249 € 260 € 280 €
17.06-24.06.2018 7 279 € 290 € 310 €
24.06-01.07.2018 7 299 € 310 € 330 €
01.07-08.07.2018 7 335 € 350 € 370 €
08.07-15.07.2018 7 375 € 389 € 410 €
15.07-22.07.2018 7 415 € 429 € 445 €
22.07-29.07.2018 7 435 € 445 € 465 €
29.07-05.08.2018 7 435 € 445 € 465 €
05.08-12.08.2018 7 435 € 445 € 465 €
12.08-19.08.2018 7 435 € 445 € 465 €
19.08-26.08.2018 7 415 € 429 € 445 €
26.08-02.09.2018 7 355 € 369 € 389 €
02.09-09.09.2018 7 289 € 300 € 320 €
09.09-16.09.2018 7 229 € 245 € 260 €
16.09-23.09.2018 7 200 € 215 € 235 €

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

Клима уред: вклучен во цената.
Wi-fi:
бесплатен во на барот на плажа и во лобито на хотелот; во собите доплата на лице место.
Во цената не е вклучен превоз.

Напомена:

Цените се по лице за број на ноќевања дадени во табелата
Две деца до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
Трето дете до 11,99 г. со двајца возрасни – доплата од 30 евра на ноќ
Трето возрасно лице на дополнително легло - доплата од 30 евра на ноќ

Сместување во собите е после 14 часот по локално време, а напуштање на собите е до 10 часот по локално време

Важна напомена:
При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа.
Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.

Категоризација 3 ***
Локација Геракини
Тип на сместување Хотел