Апартмани ЛАРА се наоѓаат во мирниот дел на Чањ, на околу 80 м од плажа. Блок А е составен дел од студио-апартманите Лара, со посебен влез, оддалечен 80м од плажа. Модерно опремени, удобни и комфорни ( 1/2, 1/3, 1/4 ) со сопствено купатило, тераса, ТВ-кабловска, интернет, фрижидер, клима-вклучена во цената. Студиоапартманите имаат комплетно опремена кујна. Во склоп на објектот се наоѓа ресторан ЛАРА-во кој се врши исхраната и каде во пријатен амбиент ќе Ве пречекаат квалитетна храна и љубезен персонал.
Цени , ПО ЛИЦЕ на ден , на база полу и полн пансион
Можност за бирање: Појадок и ручек / Појадок и вечера / Ручек и вечера –се најавува при резервација
Попусти и доплати:
- Деца до 2 год имаат бесплатно сместување ( без кревет и исхрана )
- Деца 2-10 год на заеднички кревет-имаат попуст 50% , а на посебен кревет плаќаат 70%
- Дете до 12 год со еден возрасен во студио 1/2 , плаќа 80% од цената за возрасен
Смените почнуваат:
- Со ручек / за клиентите кој имаат резервирано полн пансион/ и завршуваат со појадок последниот ден
- Со вечера / за клиентите кој резервирале полупансион –појадок, вечера / -завршуваат со појадок последниот ден
- Со ручек / за клиентите кои имаат резервирано полупансион-ручек,вечера/ -завршуваат со вечера, претпоследниот ден
Оброците се избор од повеќе јадења- изборот се врши со анкета-од денес за утре
Задолжителна доплата на туристичка такса – СЕ ПЛАЌА на лице место, во сместувачкиот објект :
-Деца до 12 год-0,50€, од 12-18 год -1.00€, возрасни 1.50€ на ден
Влез во студијата од 12:00 часот, на денот на влегување, а напуштање последниот ден-најдоцна до 09:00 часот.
Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денари (1€=62мкд).