Апартмани ЛАРА - С -Добра Вода

ЛАРА - С е новоизграден објект, оддалечен 130м од плажата Велики Пјесак, во Добра вода.
ден 0,00

ЛАРА - С е новоизграден објект со 3*, по меѓународните стандарди. Објектот располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студио-апартмани. Секој од апартманите има сопствено купатило, тераса, комплетно опремена мини кујна со фрижидер, клима, сателитска ТВ, и најголемиот дел имаат поглед кон море. Модерно опремени и удобни, студио-апартманите пружаат конфор и удобност на туристите. Во склоп на објектот е рецепцијата, како и модерно опремен ресторан, каде во пријатен амбиент ве очекува квалитетна услуга со домашна храна, од љубезен и насмеан персонал. 

Оддалечени се 130м од плажата " Велики Пјесак " во Добра вода. 

Добра Вода се наоѓа на 8км од Бар, а песочната плажа Велики Пјесак, поради чистотата на водата, припаѓа во I категорија на плажи. Местото ќе ви пружи поглед кон незаборавно зајдисонце, по кое е и посебно познато. Добра Вода уште се нарекува и воздушна бања, поради вкрстувањето на различните ветрови кои дуваат од планината и морето, и се посебно погодни за лица кои боледуваат од астма, бронхит, и други респираторни болести. 
Плажата " Велики Пјесак " е доста посетена, и покрај неа се наоѓаат голем број на ресторани, кафетерии, слаткарници, ноќни клубови и мини маркети. Плажата секојдневно ја посетуваат туристички бродчиња со кои може да ги обиколите и подалечните плажи на црногорското приморје, како и островите. 

 

Цени - НАЕМ на Студио или Апартман од ден

Задолжителна доплата на туристичка такса – СЕ ПЛАЌА на лице место, во сместувачкиот објект :
-Деца до 12 год-0,50€,  од 12-18 год -1.00€, возрасни 1.50€ на ден

Влез во студијата од 12:00 часот, на денот на влегување, а напуштање последниот ден-најдоцна до 09:00 часот.

Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денари (1€=62мкд).

Категоризација 3 ***
Тип на сместување Апартман
Локација Добра Вода