Достапност

ПАРИЗ

ПАРИЗ: најубавиот град на светот. Сите знаат дека неговото второ име е градот на Љубовта кој сам по себе е доволен да секој посетител се вљуби.
Стара цена: ден 12.340,00
Цена ден 11.100,00

ПАРИЗ: најубавиот град на светот. Сите знаат дека неговото второ име е градот на Љубовта кој сам по себе е доволен да секој посетител се вљуби. Градот на светлината ( дневна и ноќна ) , градот на музеите, модата, слобода и кој знае што уште не .. сепак Париз е пред се град на туризмот,  и единствена светска ризница за собирање на спомени кои често траат до крајот на животот. Како и секоја светска метропола знае да ги исполни сите животни потреби и желби, но знае да го испразни и најдлабокиот џеб – прилагодете се.

За оние кои обожаваат големи цифри и округли бројки: Годишно Париз е посетен од близу 26.000.000 туристи – тоа е секако светски рекорд. Париз има огромно културно наследство ( преку 400 разни туристички занимливости и атракции ) меѓу кои најпосетени се: Дизниленд со 14.000.000 посетители годишно,  црквата Нотр Дам со 12.000.000, музејот Лувр со 8.000.000, Центарот Помпиду 5.000.000, Ајфелова кула 7.000.000 ....

Париз има околу 6.700 улици, 455 паркови, 2 големи шуми, 37 мостови, 140 музеја, 210 театри, 120 концертни сали, околу 180 цркви, околу 10.000 ресторани и кафетерии... Овде во просек годишно се пие повеќе од 7.000.000 литра минерална вода, 500.000 флаши вино, 25.000 флаши шампањ дневно. Наздравје !

Како би Ви звучело кога за 179€ би отпатувале во ПАРИЗ ?  Авионски превоз и 3 ноќевања во хотел 3***

1. ден: Скопје – Париз ( Петок )
Лет за Париз од  аеродромот АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ – Скопје во 06:05 часот со лет бр. W6 7719  на авиокомпанијата Wizzair. Слетување во 09:05 часот на аеродомот Beauvais Tille Airport Paris. Слободен ден за индивидуални прошетки низ градот на светлината. Предпладне Ви препорачуваме: Плоштадот Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Гробот на Наполеон, Домот на Инвалидите, Сорбона, Латинска четврт, Плоштад Бастилија, Париската опера, Елисејската палата, најпознатата авенија Шанзелизе, Триумфална Порта, Плоштадот Шарл Де Гол...  Попладне Ви препорачуваме ( со метро линија ) посета на булеварот Риволи, Старата Опера, Плоштадот Конкорд, Montmartre -  брдото каде се собираат уметниците од цел Париз и посета на црквата Sacre Coeur, улицата Pigalle каде се наоѓаат најстарите кабареа во Париз меѓу кои и  најпознатото  кабаре Moulin Rouge. Во вечерните часови препорачуваме качување на Ајфеловата Кула третто ниво од каде се пружа панорамски поглед на Париз. Како за крај на денот предлагаме крстарење по реката Сена, кое нуди еден поинаков поглед на Париз на зајдисонце, едночасовно романтично уживање кое ќе посакате да трае вечно . Ноќевање.
2. ден: Париз ( Сабота )
За денешна прошетка Ви препорачуваме голема доза на адреналин со посета на забавниот парк Disneyland.  Ноќевање.
3. ден: Париз ( Недела )
За денешна прошетка Ви препорачуваме ( со метро линија и RER ) посета  на дворецот на Луи XIV - палатата од која застанува здивот -  ВЕРСАЈ и музејот ЛУВР. По завршувањето на посетата на Лувр, Ви препорачуваме прошетка на  островот  de la Cite каде се наоѓа средновековната катедрала на Квазимодо „Notre Dame“. Во овој кварт Ви препорачуваме да ја испробате најпознатата кујна на светот.
4. ден: Париз – Скопје ( Понеделник )
Одјавување од хотел. Лет за Скопје од аеродромот Beauvais Tille Airport Paris во 09:35 часот со лет број  W6 7720. Слетување во 12:20 часот на аеродомот АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ – Скопје.


Во цената на арнжманот е вклучено:
- 3 (ноќевања ) во хотел со 2*/3* во централно градско подрачје на Париз
- Повратен авионски билет на релација Скопје-Париз-Скопје, со компанијата Wizzair со вклучени авионски такси.
- Мала кабинска торба (рачен багаж) со димензии 42x32x25cm (повеќе информации во врска со багажот на www.wizzair.com)

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Трансфер од  Beauvais Tille Airport Paris до центар на Париз ( информативно 17€ по особа во правец со автобус )
- Дополнителен чекиран багаж  (при чекирање на аеродром пред полетување со доплата или при резервација на летот;  повеќе информации во врска со багажот на www.wizzair.com
- Влезници за  посета на дворецот Версај - 15€, музејот ЛУВР -12€, крстарење по реката СЕНА  
- Билети за јавен превоз (метро, автобус ) кранет од 10 билети 13.30€
- Патничко осигурување – 5€


Напомена:   за реализација на овој аранжман потребни се минимум 2  патника. Цената на аранжманот зависи од моментално расположливите места на Авио компанијата Wizzair, како и од расположливоста на слободни соби во избраниот хотел.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 mkd).
ДИПЛОМАТИК ТРАВЕЛ СЕРВИС  ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ

Категоризација 3 ***
Тип на сместување Хотел