Локација: Супетар, на островот Брач, на 500м од центарот на градот, 700м од траектното пристаниште, на 50м од камчеста плажа.
Услуга: Аll inclusive
Клима: во собите и во ресторанот.
Опис: Хотелска населба од клубски тип, се простира на 150000м2, и се состои од 12 згради, централна рецепција, два главни ресторани со show cooking, еднаш неделно далматинска вечер, a la carte ресторан, можност за различни водни спортови, три отворени базени со слатка вода, два надворешни детски базени, бар во базен, аперитив бар, можност за изнајмување на лежалки и чадори за сонце на плажа. Покрај базенот, бесплатно користење на лежалки и чадори, велнес центар со внатрешен базен со слатка вода и џакузи, фитнес, сауна, масажа, маникир, педикир, фризерски салон, мини маркет во непосредна близина на населбата, сувенирарница, повеќе тениски игралишта, интернет катче, нов анимациски простор со 300 седишта, дневна и вечерна анимација, мини клуб за деца од 4 до 12 години, паркинг (со доплата), можност за школа за сурфање, џет-ски, возење на банани, изнајмување на педалинки и скутери, стрелање, одбојка на песок, мини голф, можност за изнајмување на крпи за плажа, менувачница, rent-a-car, изнајмување на велосипеди.
Дополнително: Внатрешни и надворешни базени;
Соба 2+2 супериор: дневна соба со два основни лежаи и лежај на развлекување за две лица;
Соба 2+2 suit: спална соба, дневна соба со лежај на развлекување за две лица, просториите се оддвоени, фрижидер.