Достапност

ВЕНЕЦИЈА

Венеција: Најотмениот салон на Европа - извикнал Наполеон кога ја освоил. Дојди, види и оди ... Од утро до вечер рзгледајте се што ќе Ви падне под нозе и ciao ragazzi. Преминете преку мостот Риалто, прошетајте по плоштадот Св.
ден 11.100,00

Венеција: Најотмениот салон на Европа - извикнал Наполеон кога ја освоил. Дојди, види и оди ...  Од утро до вечер рзгледајте се што ќе Ви падне под нозе и ciao ragazzi. Преминете преку мостот Риалто, прошетајте по плоштадот Св. Марко, фотографирајте  се со гулабите, заобиколете ја базиликата, воздивнете пред мостот, возете се со Вапорето по големиот канал да би накрај испиле капучино во средновековната кафетерија Quadri,  или слушајте оркестар со преубаво еспресо на терасата од кафе Florian …  Токму така, прошетките по мостовите и улиците не е обична променада, туку е СОН во будна состојба. Во неа се е прекрасно па дури и кога изгледа сосем обично. Еден ден во Венеција вреди колку и месец дена во било кој друг град на светот. Венеција е преубава и трагична истовремено. Каква може да биде судбината на градот кој се ДАВИ  во водите од кои и се РАЃА? Венеција ќе ја снема еден ден  а можеби и порано. Побрзајте да ја посетите пред да потоне.

Како да се снајдете во лавиринтот на вода? На прв поглед од мапата, градот изгледа многу комплицирано.  Во принцип, мапата и воопшто не ви е потребна. Дозволете вашето срце да биде ваш водич.  Градот е распослан на 117 помали островчиња и брои околу 270.000 жители, 150 канали 400 помали и поголеми мостови. Околу 6 милиони туристи ги одврзуваат кесињата во нејзините бутици и ресторани. Најмногубројни се во Февруари, кога “ мачките се парат  “ и кога се одржува Маскенбалот – карневал. Карневалот под маски е туристичка фарса број 1 повеќе од 1.000 години. Измислен е за да не се знае кој со кого и кој кого... Секогаш Венеција била град на порокот.

1.ден: СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА  ( Петок )
Лет за Венеција - Тревизо од  аеродромот АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ – Скопје во 13:55 часот со лет бр. на W6 7751  авиокомпанијата Wizzair. Слетување во 15:40 часот на аеродомот Венеција Тревизо. Слободен ден за индивидуални прошетки низ Венеција. Овој необично романтичен град пресечен со тесни улички и канали ќе ве воодушеви со својата убавина. Возењето со гондола, дуждевата палата, мостот на воздишки, црквата и плоштадот Св. Марко се дел од понудата кои не смеат да се пропуштат за време на посетата. Ноќевање.
2.ден: ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА  ( Сабота )
За денешна прошетка Ви препорачуваме посета на  ВЕРОНА. Приказната за Ромео Монтеки и Јулија Капулети кои за својата љубов ги жртвуваат своите животи и постануваат симбол на вистинска и трагична љубов, се единствена причина поради која секоја година повеќе од три милиони туристи ја посетуваат Верона. Задолжително посета на римскиот театар – Арена трета по големина во Италија, споменикот на Данте Алигиери, црквата Марија Антика, плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори ... По завршување на разгледот ке здивнеме на некој од преубавите и живописни плоштади: препорака пробајте го преубавото Италијанско капучино – со пена во вид на срце. Ноќевање.
3.ден: ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА ( Недела )
За денешна прошетка Ви препорачуваме посета Фиренца. Проверете зошто уште од раниот 19 век Фиренца е опишана како најубав град во Италија. На секој чекор уживате во преубави споменици:   Галерија Уфици, Палата Медичи, мостот Векио, Катедралата со крстилницата, палата Пити ... Ноќевање.
4.ден: ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ  ( Понеделник )
Одјавување од хотел. Лет за Скопје од аеродромот во Тревизо во 16:10 со лет број  W6 7752. Слетување во 17:50 часот на аеродомот АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ – Скопје.

Во цената на арнжманот е вклучено:
- 3 (ноќевања ) во хотел со 2*/3* Венеција ( Околина )
- Повратен авионски билет на релација Скопје –Тревизо - Скопје, со компанијата Wizzair со вклучени авионски такси.
- Мала кабинска торба (рачен багаж) со димензии 42x32x25cm (повеќе информации во врска со багажот на www.wizzair.com)


Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Трансфер од  аеродром во Тревизо  до Венеција и обратно
- Дополнителен чекиран багаж  (при чекирање на аеродром пред полетување со доплата или при резервација на летот;  повеќе информации во врска со багажот на www.wizzair.com
- Влезници за  објектите кои би ги посетиле
- Посета на Венеција, Верона и Фиренца по Ваш избор
- Туристичка такса ( се уплаќа првиот ден во хотел на рецепција 2 до 3€ од особа на ден)
- Патничко осигурување – 5€


Напомена:   за реализација на овој аранжман потребни се минимум 2  патника. Цената на аранжманот зависи од моментално расположливите места на Авио компанијата Wizzair, како и од расположливоста на слободни соби во избраниот хотел.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Категоризација 3 ***
Тип на сместување Хотел