ХАЛКИДИКИ
Доколку и ние како птиците, би ја имале привилегијата до го упатуваме својот поглед од небото кон прекрасниот полуостров Халкидики, веројатно честопати би не потсетувал на митологијата и на трозабецот на богот Посејдон, кој единствено тој можел така силно да го положи врз непрегледната површината на морето. Токму оваа исклучителна географска положба на Халкидики, веќе илјадници години го издвојува како еден од најубавите полуострови на медитеранот. Протегајќи се југоисточно од градот Солун и заливот Термаикос, кон заливот Стримоникос и сливот на реката Струма, Халкидики со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос, длабоко навлегува во Егејското море. Сите три краци, кои формираат преку петстотини километри долги песочни плажи, воедно му ја даваат и особеноста, на прекрасна хармонија од сино море, бел песок и бујно зеленило. Оваа природна идила, низ долгата историја на човековото постоење, не случајно за многумина и претставувала своевиден "рај на земјата". Веројатно е дека, токму таа убавина ги иницирала и монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата единствена монашка држава во светот - "небесната Света гора".
Халкидики е полуостров со единствена убавина, претставува една од омилените туристички дестинации за нашите патници. Самото име Халкидики потекнува од главниот град Халкида од каде на овој простор дошле првите жители уште од VII век п.н.е. Сето тоа укажува дека Халкидики отсекогаш бил атрактивен и привлечен. Покрај културно историското значење, секако природната убавина и богатство го истакнуваат Халкидики како една од најважните грчките области. Првенствено должината на брегот а потоа и пошуменоста и уреденоста како и развојот на вројните туристички центри, придонесуваат за популарноста на целиот регион Халкидики.
Paradise Studios - Koviou Holiday Village 3*
Хотелот се наоѓа на 5 км од најблиското село Ни...
ден 0,00