ГРЦИЈА
Република Грција се простира на површина од 131.957км. Според последните статистички податоци има 11 500 000 жители и претставува една од поголемите држави на Балканот. Главен град е Атина која со Пиреа и предградието претставува една целина од околу 5 000 000 жители. Официјален јазик е грчкиот, познат уште од 2000 години п.н.е, кој со текот на времето целосно се променил во нова форма. Во Грција има четири говорни подрачја: северно, јужно, јужно-италијанско, лаконско (Пелопонез).
Грција има брег во должина од 15.000 километри и преку 1.400 острови, од кои само 170 се населени. Најголеми и најзначајни од нив се Крит, Евија, Лезбос, Родос и Крф. Државата "лежи" на брегот на јонско, егејско, критско и средоземно море. Најголеми градови се Атина, Солун, Пиреј, Патрас, Лариса и Хераклион.
Скоро 80% од површината на Грција е со планински релјеф, така што нема пловни реки.
Највисоки планински врвови се Олимп "планината на боговите" со 2917м и Смолика со 2637м.
Грција е една од оние земји кои секој би требал да ги посети барем еднаш во текот на животот. Кога ќе помислите на топол летен ветер, совршен бел песок и долги плажи на кои се бранува прекрасно море. Ова е совршена дестинација за романтични авантури, опуштени семејни одмори или забава со пријателите. Доколку сеуште неможете да се одлучите, погледнете ја нашата разновидна понуда со одлични вили и хотели, љубезни домаќини и сите останати поволности кои вашиот одмор ќе го направат незаборавен.
Уживајте во претстојното лето, во некоја од понудените грчки дестинации кои нудат спектакуларни пејсажи, сончеви улици, кристално-сино море и единствените вкусови на Медитеранот.
Ilianthos Village Luxury Hotel & Suites 4*
ДИРЕКТЕН ЛЕТ СОЛУН - КРИТ - СОЛУН ( инфо во аге...
ден 0,00